PRAVOSLAVNA OHRIDSKA ARHIEPISKOPIJA
  http://www.poa-info.org/mk/vesti/index.html

09.09.2004

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На вториот редовен Собор на Архијереите на Српската Православна Црква одржан од 06-08 септември 2004г. во зградата на Патријаршијата во Белград по покана од Неговата Светост Патријархот српски г.г. Павле зедоа учество сите Архијереји на Православната Охридска Архиепископија. Покрај прашањата врзани за животот на Српската Православна Црква, должно внимание се посвети и на исклучително тешката положба на Црквата во Република Македонија. Соборот уште еднаш протестираше против гонењата, малтретирањата, апсењата и затварањата на Епископите и членовите на Православната Охридска Архиепископија. Се донесе одлука за мајското заседание на Соборот да се подготви Томос за автономијата на Православната Охридска Архиепископија. Бидејќи некои средства за информирање во Република Македонија поттикнати од написите на интернет страницата на расколниците деновиве пишуваа дека Православната Охридска Архиепископија немала дозвола од Српската Православна Црква да им суди на расколничките епископи, Соборот уште еднаш соопшти дека власта на духовниот суд на територијата на Република Македонија ја има единствено Православната Охридска Архиепископија. Меѓутоа, бидејќи расколничкиот Митрополит Стефан, преку своја делегација, само на два дена пред Соборот упати писмо за „воспоставување на молитвено евхаристиско единство” исто онакво какво пред две години воспостави велеската и повардарска света Митрополија, постапката пред судот привремено се запира и Соборот реши да се сретнат делегации на Српскта Православна Црква, Православната Охридска Архиепископија и расколничката МПЦ за да ги определат условите под кои може МПЦ да влезе во литургијско и канонско општење со признатите Цркви. Бидејќи бившиот Митрополит полошко - кумановски Кирил не поднесе апелација до Соборот после неговото лишување од архијерејскиот чин од страна на архијерејскиот суд на Православната Охридска Архиепископија, Соборот ја прифати пресудата како и извештајот дека на таа Епископија сега е поставен Епископот Јоаким со сите права и должности на епархијски Архијереј. Интронизацијата ќе се изврши во подобри времиња, тогаш кога властите во Република Македонија ќе престанат да ги гонат, малтретираат и затвараат Епископите на Православната Охридска Архиепископија и ќе обезбедат сите граѓани да имаат исти верски права.


Од Канцеларијата на Православната Охридска Архиепископија


Yahoo! Groups Sponsor
ADVERTISEMENT
click here


Yahoo! Groups Links

Одговори путем е-поште