Живот во картон или картон во живот Хамди Нухију, публицист http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1044F4C08741C84CA0D3FAB55145FB8A
Секоја година во ова земја нема промена во подобра насока. Единствената новост е зголемувањето на цената на електричната енергија и се' потежок живот на сите граѓани на ова земја. Владата нема ни еден пристап кон подобрувањето на стандардот на животот на граѓаните на ова земја. Некој може да помисли дека блефирам кога истакнувам ваков пристап кон проблемите на граѓаните од страна на ова Влада. Нерешениот проблем со Грција во врска со името ја враќа Македонија назад. Иако има позитивни чекори од двете страни за решавање на овој многу важно прашање, проблемот се' уште им стои на врата на двете соседски земји. Ако Грција попушти, тогаш мора да имплементира парламентарна демократија во својата земја. Проблемот со името меѓу овие две земји е алиби за нерешавањето на македонското, албанското и на турското прашање во Грција. Но, надворешната дипломатија на големите сили, со зајакнувањето на Турција во регионот, ги притиснаа Грција и Македонија за решавање на овој спор. Новиот рок за излез од овој проблем е ноември 2010 година. Последните изјави на премиерот Груевски на многу арогантен начин посочуваат кон еден пат, без среќен крај. Тој рече дека треба да работиме за НАТО и за ЕУ без да гледаме на датуми и рокови за решавање проблеми. Во основа, тој има право и ако се работи според тоа што го рече, можеме да стигнеме до поволна позиција. Но, од реченото до реализирањето постојат многу тешки работи. Мислам дека Владата на Груевски се подготвува за предвремени парламентарни избори и затоа мора да го сработи својот паднат рејтинг. Иако според последните анкети тој (Груевски) се' уште води, но за разлика од 2006 година, рејтингот драстично му падна. Животот на обичните луѓе е во картон, но картонот на среќата никако да поживее. Во овие денови и години, како крал може да живее само сервилизмот кон партијата, но не и меритокрацијата, не и демократијата. Како држава сме ориентирани кон цивилизираното општество со бедуински менталитет. Сакаме да бидеме дел од европското семејство со ниту еден пополнет критериум. Основа за демократското општество е почитување на човековите права. За жал, сите ние знаеме колку се почитуваат човековите права на Република Македонија. Монтирани политички проблеми, корупциски афери, инвестирање на неправеден пат, итн.... се само дел од големиот колач што ни го сервира на маса секој ден ова Влада. Иако начинот на комуницирање Влада - народ е многу подобар во споредба со другите влади во ова земја, пак не можеме да ја пофалиме за успеси. Ако некои историски работи ни се случија во овие години, како визната либерализација, тоа е повеќе желба и потреба од Европската унија за македонските туристи отколку стратегиско дејствување кон овој проблем од ова Влада. Според Фетулах Гулен, човекот од каузата (големата идеја) не ги менува своите ставови ниту кога е во победа ниту кога е во загуба. Ако голема идеја или кауза за ова држава е постигнувањето рамноправно членство во НАТО и во ЕУ, со многу помалку последици во врска со спорот со Грција, тогаш од менувањето на ставовите на ова Влада не можеме да констатираме дека идеал за ова Влада се НАТО, ЕУ и западната цивилизација. Ако сакаме картонот на среќата да ни живее, тогаш што побрзо мора да се приклучиме во НАТО и во ЕУ. -- Ju merrni këtë mesazh sepse jeni të anëtarësuar në grupin "Fjala e Bukur" në Google Groups. Për të dërguar në këtë grup, dërgo email në [email protected] Për t'u ç'anëtarësuar nga ky grup, dërgo email në [email protected] Për më shumë mundësi, vizito këtë grup në http://groups.google.com/group/fjalaebukur
